Развиена е нова видео игра која може да открие аутизам кај деца за само 60 секунди. Играта се базира на компјутерски алат CAMI (Computerized Assessment of Motor Imitation – компјутеризирана проценка на имитација на движења).
Играта користи технологија за следење на движењата за да открие разлики во моторичката имитација. Овој систем е развиен од истражувачите од Kennedy Krieger институтот и Nottingham Trent универзитетот. Играта функционира така што на екранот се прикажува фигура на човек во движење, а децата треба да ги имитираат неговите движења.
Истражувачите спровеле студија во која учествувале 183 деца на возраст од седум до 13 години. За време на 60 секунди, децата ги имитирале танцовите движења што ги виделе на екранот. CAMI успешно го идентификувал аутизмот со точност од 80%, додека разликувал аутизам од ADHD (хиперкинетски пореметување) со точност од 70%.
Стјуарт Мостофски, педијатриски неуролог и директор на Центарот за истражување на невролошки развој во Kennedy Krieger институтот, вели дека алатот CAMI е голем напредок во дијагностиката на аутизмот.
„Дијагностицирањето на аутизмот може да биде предизвик, особено кога детето покажува преклопувачки карактеристики со други состојби, како што е ADHD. Ако аутизмот се погрешно дијагностицира, тоа може да влијае на поддршката и третманот што детето го добива. CAMI помага во прецизно препознавање на аутизмот“, вели Стјуарт.
Традиционалните методи се фокусираат на комуникацијата
CAMI ги истражува моторичките потешкотии кои често го придружуваат аутизмот. Традиционалните методи за мерење на аутизмот главно се фокусираат на следење на социјалните вештини и комуникација. Овие методи траат подолго време и бараат стручни лица кои се обучени за препознавање на аутизмот. За разлика од традиционалните методи, видео играта е забавна, дава брзи резултати и лесно се интерпретира.
Бидејќи CAMI препознава разлики помеѓу аутизмот и ADHD, истражувачите се надеваат дека овој алат ќе инспирира развој на други алати кои ќе бидат побрзи и поефикасни за дијагностицирање на други состојби.
„Овој алат има потенцијал да ја трансформира дијагностиката на аутизмот на глобално ниво“, вели Мостофски. „Прецизното идентификување на аутизмот може да овозможи соодветни интервенции за децата кои го подобруваат квалитетот на животот и долгорочните резултати. Нашата цел е CAMI да стане широко достапен во клиниките како брзо, евтино и лесно дијагностичко решение“, заклучува.