Нова студија покажува дека коњите се попаметни од што мислевме

Коњите се многу попаметни од тоа што се мислело претходно, велат научниците откако нова студија покажува дека животните имаат подобри резултати од очекуваните во комплексна игра засновата на награди.

Истражувачите откриле дека кога на коњите им се ускратувала награда поради непочитување на правилата на играта, можеле веднаш да ја променат својата стратегија за да добијат повеќе награди.

Ова покажува дека животните имаат способност да размислуват и планираат – нешто што претходно се сметаше дека коњите не го можат, велат научниците од Универзитетот Нотингем Трент.

Откривање на начинот на кој коњите учат може да им помогне на тренерите да ги обучуваат похумано и да ја подобрат нивната благосостојба, додава тимот научници.

Кери Ијичи, истражувач во универзитетот додава дека коњите не се природни генији, но дека студијата покажува дека не се ни со просечна интелигенција, туку дека имаат когнитивни способности подобри од тоа што мислевме.

За да истражат повеќе, истражувачите ставиле 20 коњи да извршуваат задачи кои се состојат од три фази.

Во првата фаза, животните требало да допрат картичка за да добијат награда. Во втората фаза, било воведено и светло и на коњите им било дозволено да јадат само ако ја допрат картичката додека светлото е вклучено.

Тимот открил дека коњите ја допирале картичката, без разлика дали светлото е вклучено или исклучено, а биле наградувани само кога тоа ќе го направеле како што треба.

Третата фаза вклучувала и казна, кога допирањето на картичката кога било вклучено „стоп“ светло резултирало со тајм-аут од 10 секунди.

Сега, наместо неселективно да ја допираат картичката, тимот открил дека коњите ги почитувале правилата.

Истражувачите велат дека ова сугерира дека коњите ја разбирале играте и дека секогаш го барале начинот кој им носи награди.

Луис Еванс, докторанд на Универзитетот Нотингем Трент вели дека очекувале дека коњите ќе ги подобрат резултатите по воведувањето на тајм-аутот, но биле изненадени колку тоа таа промена во нивното однесување била значајна и инстантна.

„На животните обично им требаат неколку повторување на задачата за постепено да стекнат нови знаење, додека нашите коњи се подобрија веднаш откако воведовме казни за грешките. Тоа сугерира дека тие цело време ги знаеле правилата на играта“ вели таа.

Истражувачите наведуваат дека резултатите, објавени во Applied Animal Behavior Science сугерираат оти коњите имаат способност да фомираат внатрешен модел на светот околу себе за да носат одлуки и предвидувања, што е техника позната како учење засновано на модел.

Претходно се сметаше дека учењето засновано на модел е пресложено за коњите, бидејќи имаат недоволно развиен префронтален кортекс, дел од мозокот поврзан со стратешко размислување.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни