Истражување спроведено од научници од Харвард открива: Овој вид исхрана ги зголемува шансите за здрав и долг живот

Студијата опфатила дури 105.000 луѓе кои научниците ги следеле 30 години, анализирајќи како нивната исхрана од 39 до 69 години влијаела врз нивното здравје во подоцнежниот живот.

Никогаш не е предоцна да се направат позитивни промени, а нова студија на Харвард открива дека усвојувањето поздрави навики во исхраната во средната возраст може значително да ги зголеми вашите шанси за долг и здрав живот.

Научниците пронајдоа силна врска помеѓу исхраната базирана на растенија и таканареченото „здраво стареење“ и ги објавија своите наоди во престижниот магазин Nature Medicine.

Долгорочното истражување открива клучни навики

Студијата опфатила дури 105.000 луѓе кои научниците ги следеле 30 години, анализирајќи како нивната исхрана од 39 до 69 години влијаела врз нивното здравје во подоцнежниот живот. Тие го дефинирале „здравото стареење“ како достигнување на 70 години без хронични болести како што се срцеви заболувања, со зачувано когнитивно, ментално и физичко здравје. Секој учесник добил оценка во зависност од тоа колку добро се придржувал до осум различни навики во исхраната.

Таканаречениот Алтернативен Индекс на здрава исхрана (AHEI), модел исто така развиен на Харвард, се покажал како најдобар. Броевите се импресивни: луѓето кои најмногу ги следеле принципите на AHEI имале 86% поголема веројатност да стареат здраво на 70-годишна возраст. На 75-годишна возраст, нивните шанси биле 2,2 пати поголеми во споредба со оние кои најмалку се придржувале до овие препораки.

Препораки за менито

Индексот AHEI го истакнува внесот на седум клучни групи на храна. Се препорачува исхрана богата со овошје, зеленчук, интегрални житарки, мешунки и јаткасти плодови. Покрај тоа, важно е да се консумираат доволно здрави, незаситени масти, додека млечните производи со ниска масленост се препорачуваат во умерени количини.

Од друга страна, постојат намирници чија потрошувачка треба да се минимизира или целосно да се избегнува. Ова првенствено се однесува на засладени пијалоци, црвено и преработено месо, транс масти и прекумерен внес на натриум, односно сол.

Заклучокот од студијата е јасен.

„Исхраната богата со растенија, со умерено вклучување на здрава храна од животинско потекло, може да го подобри здравото стареење и да послужи како насока за идните препораки за исхрана“, истакнуваат авторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни