Нова генерација бруцоши почнуваат академско образование

Почетокот на новата академска година ќе биде означен денес на сите државни факултети во земјава. Од денеска тие ќе бидат збогатени со бруцошите што ги очекуваат своите први предавања.

Негувајќи ја традицијата, организирано и свечено да ги пречекуваме новите академски граѓани, факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организираат први академски часови, посочија од УКИМ.

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, агендата на првиот академски час ќе ја започне во 8:30 часот, обраќајќи се пред студентите на Медицинскиот факултет. На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип првиот академски час ќе почне свечено денеска во 11 часот.

Ангелова денеска ќе се обрати и на Економски факултет (10 часот), Правен факултет „Јустинијан Први“ (11 часот), Машински факултет (12.30) и ФИНКИ (во 18 часот во Филхармонијата). На 3 октомври (вторник), ректорката ќе во 10.15 часот ќе се обрати на Факултетот за земјоделски науки и храна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни