Мери, Петар, Никола и Ања – млади активисти кои се дел од движењето „Стоп за Усје “ – се гости во новата епизода на РеТрн. Тие се дел од генерација што одлучи да не молчи кога станува збор за воздухот што го дишеме.
Досега имаат организирано неколку блокади, јасно испраќајќи порака дека Скопје не смее да се навикне на загадувањето. Нивната борба е борба за почист воздух, поздрава средина и одговорност.
Во разговорот тие одговараат на нашите прашања:
Што му се случува на Скопје?
Кој е одговорен за Усје?
Дали загадувањето доаѓа само од таму или има и други фактори?
Колку блокади се потребни за конечно да се разбудиме?
Може ли Скопје навистина да стане зелен град?
И што би промениле ако имаат магично стапче?
Пораката што ја испраќаат е јасна: здравјето не е политичка тема, туку основно право.
🎬 Погледнете ја новата епизода на РеТрн и слушнете што е следно од СТОП ЗА УСЈЕ