Нова чудна смрт во Русија: Издавачот на весникот „Правда“ паднал од прозорецот на својата куќа

Искусниот издавач почина во саботата навечер, а полицијата истражува дали станува збор за несреќа, самоубиство или кривично дело

Мистериозниот раководител на издавачката куќа „Правда“, Вјачеслав Леонтиев, паднал од висина од 21 метар од својот дом во западниот дел на Москва, а руските власти го истражуваат овој случај, пишуваат британските медиуми, повикувајќи се на извештаи од Русија.

Леонтиев го предводеше познатиот советски весник „Правда“, главниот весник на владејачката Комунистичка партија, и продолжи на таа улога долго по распадот на СССР во 1991 година.

Се веруваше дека Леонтиев знаел за тајното богатство на партијата. Искусниот издавач почина во саботата навечер, а полицијата истражува дали станува збор за несреќа, самоубиство или кривично дело.

Русија беше погодена од серија смртни случаи на водечки менаџери на големи компании за време и непосредно пред војната во Украина.

Минатиот месец, телото на поранешниот шеф на транспортот во Санкт Петербург, Александар Федотов, беше пронајдено пред петзвездениот хотел „Скајпоинт Лукс“, поранешен „Шератон“, во близина на меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во Москва.

Според извештаите, тој престојувал на службено патување во соба на горниот кат од хотелот. Покрената е кривична истрага, а медиумите известуваат дека не е пронајдена порака за збогум.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни