Нов земјотрес го стресе Скопје

Нов земјотрес попладнево ги вознемири скопјани, соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил регистриран вечерва во 18:44, со епицентар 25 километри северозападно од Скопје.

Според податоците, земјотресот бил со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата локална магнитуда.

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“ велат од Сеизмолошката опсерваторија.

Ова е втор земјотрес во изминатите 24 часа почувствуван во главниот град по тој синоќа пред полноќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни