Нов земјотрес регистриран во Авганистан

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во југоисточниот дел на Авганистан, само два дена откако областа беше погодена од земјотрес со магнитуда од шест степени при што загинаа над 1.400 луѓе.

И денешниот земјотрес е регистриран на релативно мала длабочина – 10 километри. 

Според талибанските власти во силниот земјотрес загинаа 1.411 луѓе, 3.124 се повредени, а над 5.400 куќи се разурнати.

Земјотресите се честа појава во Авганистан, посебно во планинскиот венец Хиндукуш, каде што се среќаваат индиската и евроазиската тектонска плоча. Источните провинции Кунар и Нангархар се најтешко погодени од земјотресот што се случи пред два дена. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни