Украинските вооружени сили извршиле напад врз руски ракетни системи во Брјанска област, кои се подготвувале за напад, најверојатно врз Киев, соопштија украинските власти.
Генералштабот на Украина, соопшти дека една ракетна единица била уништена, а најверојатно две други се сериозно оштетени.
Нападот бил насочен кон единица од 26-та ракетна бригада во реонот на Клинци, Брјанска област, која е активна во нападите врз Украина.
Од друга страна, руски државни медиуми информираат дека железничка линија во Воронежка област била оштетена од експлозија, дека нема жртви, но и дека железничкиот сообраќај е во прекин.
Овие напади доаѓаат неколку денови по специјалната акција „Пајакова мрежа“ кога силите на Украина длабоко на руска територија уништија десетици стратешки бомбардери.