Нов сингл на Поетроника

Ова не е само поезија, тоа е звучно искуство, кое опфаќа генерации македонски поети од по Втората светска војна до денес, и ги крши сите претходни правила за тоа што треба да биде поезијата и музиката

,,Бикини” е нов сингл на ПОЕТРОНИКА – каде што посебниот вокал на Оливер Митковски се судри со електронските звучни пејзажи на Андреја Салпе.

„Бикини“ е заснован на поема на Марко Петрушевски и повторно замислен низ уникатниот објектив на ПОЕТРОНИКА, револуционерен спој на македонската поезија и современата електронска музика.

Ова не е само поезија, тоа е звучно искуство, кое опфаќа генерации македонски поети од по Втората светска војна до денес, и ги крши сите претходни правила за тоа што треба да биде поезијата и музиката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни