Нов силен земјотрес ја погоди Грција

Досега нема пријавени жртви или материјална штета, а грчките служби внимателно ја следат ситуацијата.

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтер е регистриран во Егејското Море, на околу 30 километри од градот Мерина (Мyrina) во Грција.

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на координати 40.1094° N и 24.8924° E а хипоцентарот (длабочината) бил на приближно 11 километри под површината на земјата

Досега нема пријавени жртви или материјална штета, а грчките служби внимателно ја следат ситуацијата.

Ова е уште еден во серијата земјотреси што во последните денови ја погодуваат Грција и Турција, вклучително и омилените туристички дестинации за граѓаните од Балканот, што предизвикува загриженост кај патниците и туристичките агенции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни