Нов рекорд на Халанд во фудбалската Лига на шампиони

Халанд го постигна својот 50-ти гол во Лигата на шампионите само во 49-тиот натпревар од најсилното клупско натпреварување во Европа

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд постави нов рекорд во Лигата на шампионите на синоќешниот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Наполи на „Итихад“.

Синоќа, Халанд стана играчот на кој му беа потребни најмалку натпревари за да постигне 50 голови во Лигата на шампионите, соборувајќи го рекордот што Руд ван Нистелрој го држеше 18 години и кој се чинеше дека никој никогаш нема да го сруши.

Халанд го постигна својот 50-ти гол во Лигата на шампионите само во 49-тиот натпревар од најсилното клупско натпреварување во Европа, што е за 13 натпревари помалку отколку што му беа потребни на Ван Нистелрој.

За споредба, на Лионел Меси му беа потребни 66 натпревари за да постигне 50 голови, а на Кристијано Роналдо дури 91 натпревар.

Играчи на кои им беа потребни најмалку натпревари за да постигнат 50 голови во Лигата на шампионите:

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни