Пет години по Брегзит, процентот на Британци коишто веруваат дека излегувањето од Европската Унија било правилна одлука, е најнизок од референдумот до сега.
Само 3 од 10 Британци сметаат дека Обединетото Кралство донело вистинска одлука гласајќи за излез од ЕУ. Денес, 62% сметаат дека Брегзит до сега повеќе е неуспех, отколку успех. Од друга страна, само 11% мислат дека Брегзит е успешен.
Поддршката за Брегзит исто така е исклучително ниска и меѓу младите на возсрат од 18 до 24 години, кошѕо тогаш немаа право да гласаат.
Анкетата на YouGov (глобална компанија за јавно мислење и податоци) е спроведена на 21 и на 22 јануари, а во неа учествувале 2 225 возрасни луѓе.
Британија официјално ја напушти Европската унија на 31 јануари 2020 година. На референдумот во 2016- та година за „Напуштање“ на ЕУ, 52% гласаа ,,за” наспроти 48% кои гласаа ,,против”.