Search

Номиниран јавен обвинител кој ќе го следи постапувањето во делата од омраза и дискриминација

Основното јавно обвинителство Скопје донесе одлука да ја номинира обвинителката Емилија Мизо Димков, да го следи постапувањето во предметите за кривични дела од омраза и дискриминација.

Ваквата одлука доаѓа на иницијатива на КВИР Центар Скопје – Здружението за сексуални и родови малцинства во Република Северна Македонија, кое најави дека во следниот период ќе иницира формирање и на мрежа од невладини организации за потесна соработка меѓу граѓанскиот сектор и јавното обвинителство во постапувањето по предметите за кривични дела од омраза и дискриминација, за што е најавена поддршка и од Советот на Европа.

Номинираната јавна обвинителка ќе има надлежност да го следи постапувањето во предметите и да остварува контакт со пријавителите и со невладините организации кои ги претставуваат интересите на лицата кои се јавуваат во својство на оштетени во ваквите предмети, соопштија од Јавното обвинителство

Најново

Последни колумни