На 9 мај, сабота, со почеток во 21 часот, големиот македонски бенд „Нокаут“ ќе одржи концерт во СЦ Јане Сандански во Скопје, ветувајќи незаборавна вечер за својата публика.
Публиката ќе може да ужива во нивните најголеми хитови како „Временска машина“, „Би се викал те сакам“, „Телефонскиот број не постои“ и многу други, претставени во спектакуларно аудиовизуелно шоу со светлосни ефекти, голем лед екран и моќно озвучување.
Концертот ќе биде дополнет со настапи од специјални гости како Игор Џамбазов, Дупер, Дарко Димитров и други, што ја прави оваа вечер една од најочекуваните музички случувања во 2026 година.