Нобоа започна втор претседателски мандат со ветување дека ќе ја спаси земјата од мафијата

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, положи заклетва за вториот претседателски мандат, ветувајќи дека ќе ја спаси земјата од мафијата, додека државата се соочува со моќни банди кои тргуваат со дрога.

„Ова е директна борба против организираните криминални структури. Нема да има примирје со криминалот“, изјави Нобоа (37) веднаш по положувањето на заклетвата во парламентот.

Нобоа повторно беше избран на претседателските избори кои се одржаа во април.

На церемонијата на инаугурацијата присуствуваа претседателите на Колумбија и Перу, Густаво Петро и Дина Болварте, како и американскиот министер за здравство Роберт Кенеди Јуниор, кој ја претставуваше претседателот на САД, Доналд Трамп.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни