Оваа година Нобеловата награда за физиологија или медицина ја добија тројца научници – Mary Brunkow, Fred Ramsdell и Shimon Sakaguchi – за своите откритија кои го објаснуваат начинот на кој човечкото тело го регулира имунитетот за да спречи автоимуни болести.
Комитетот при Каролинскиот институт во Стокхолм објави дека добитниците се наградени „за откритијата поврзани со периферната имунолошка толеранција“ – процес преку кој имунолошкиот систем учи да разликува сопствено од туѓо ткиво.
Работата на овие научници постави темели за развој на нови терапии за болести како мултиплекс склероза, дијабет тип 1 и ревматоиден артритис, но и отвори нови насоки во третманите за рак. Истражувањата на Sakaguchi, професор од Универзитетот во Осака, го инспирираа современото разбирање на т.н. „регулаторни Т-клетки“, кои се клучни за рамнотежата на имунолошкиот одговор.
Fred Ramsdell, научен советник во Sonoma Biotherapeutics од Сан Франциско, и Mary Brunkow, истражувачка во Институтот за системска биологија во Сиетл, ја споделуваат наградата која изнесува 11 милиони шведски круни.
Наградата ја означува и почетокот на традиционалната Нобелова недела, во која следуваат објави за лауреатите во физика, хемија, литература, мир и економија.