Нивото на Охридското езеро падна под природниот минимум

Намалување на само еден сантиметар од нивото, значи губење на 3,5 милиони кубни метри од Охридското Езеро, кое е најголемиот природен басен со питка вода во овој дел на Европа

Нивото на Охридското езеро се спушти под природниот минимум од 693,17 м.н.в. и продолжува да опаѓа.

Според последните мерења, нивото вчера изнесуваше 693.12 м.н.в што е на само на 2 сантиметри до минимално дозволената кота. Големи површини од езерското дно остануваат суви, предизвикувајќи изумирање на многу ендемични растителни и животински видови. Намалување на само еден сантиметар од нивото, значи губење на 3,5 милиони кубни метри од Охридското Езеро, кое е најголемиот природен басен со питка вода во овој дел на Европа.

Од Електрани на Македонија пак уверуваат дека ја одржуваат котата на просечно ниво.„Водиме сметка за минималната кота која изнесува 693.10 м.н.в и нема да дозволиме таа да се надмине. Токму поради сушниот период, подолго време, испустот на вода од Охридско Езеро на вливот на реката Црн Дрим е на ниско ниво. Во моментов, од испустот истекуваат само 3 кубни метри во секунда, што е количина исклучиво за обезбедување на потребниот биолошки минимум“, велат од ЕСМ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни