Целвечерен концерт на „Никола Бочваров квартет“ ќе се одржи во вторник, на 28 октомври 2025 година во 20 часот, во Салон 19:19 при Културно-информативниот центар – Скопје.
Овој квартет се издвојува како еден од најиновативните и најенергични џез состави на регионалната сцена, познат по оригиналната музика што умешно ги спојува различните стилови и културни влијанија.
Составот го сочинуваат:
- Никола Бочваров – бас
- Иван Петровски – гитара
- Филип Димишковски – клавијатури
- Александар Ванчовски – тапани
Активен од 2020 година, квартетот бележи настапи на повеќето значајни фестивали во регионот, меѓу кои: „Нишвил џез фестивал“, „It’s All About Jazz“, „Прилеп џез викенд“, како и настап на доделувањето на орденот за заслуги на Македонија, заедно со бројни самостојни концерти.
На претстојниот концерт во КИЦ – Скопје, публиката ќе има можност да ужива во мешавина од постари и сосема нови композиции од вториот студиски албум на квартетот, кој допрва треба официјално да биде издаден.
Повеќе информации, како и линкови од нивните настапи, се достапни на официјалната веб-страница на „Никола Бочваров квартет“.
