Никол Кидман се разведува: Смртта на мајка ѝ ја оддалечила од сопругот Кит Урбан

Како што пренесува Daily Mail, актерката Никол Кидман се разведува од музичарот Кит Урбан по речиси две децении заеднички живот. Според извори блиски на парот, главна причина за разводот е тоа што веќе некое време живеат одвоени животи – таа постојано снима низ светот, додека тој е на турнеи.

Последен пат во јавност се појавиле заедно во јуни оваа година на Светското првенство во фудбал во Нешвил. Кит Урбан најголем дел од 2025 година ја поминал на својата турнеја „High and Alive“, додека Никол останала со нивните ќерки во вилата вредна 4 милиони долари. TMZ пренесува дека музичарот купил сопствен дом во Нешвил и се иселил од семејната куќа.

Во текот на летото, Кидман со ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет престојувала во Лондон каде го снимала продолжението на филмот „Practical Magic“. За луксузната куќа во Хемпстед, која претходно му припаѓала на Бој Џорџ, плаќала 65.000 фунти месечно.

Извори тврдат дека клучен момент за оддалечувањето била смртта на мајката на Никол минатата година. Иако се обидувале да одржат контакт преку секојдневни разговори, било очигледно дека нивните животи сè повеќе одат во различни правци.

Во јули, Кит Урбан предизвика внимание кога прекина интервју поради прашање за провокативните сцени на Кидман во филмовите Babygirl и A Family Affair. Самата Никол тогаш наговести брачна криза изјавувајќи дека „не постои совршен брак“ за време на промоцијата на Нетфликс-серијата The Perfect Couple.

Веста за разводот на Никол Кидман изненади и растажи многу фанови ширум светот. Иако делуваа како стабилен пар кој ги надминува предизвиците на јавниот живот, сепак далечината, обврските и личната болка си го направија своето. Во бракот добија две ќерки, додека Кидман од претходниот брак со Том Круз има две посвоени деца. Без оглед на разделбата, останува јасно дека Кидман и Урбан ќе останат поврзани преку нивното семејство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни