Search

Next to Silence во Џез Инн Охрид

Во четврток нс 11 јули во 22:00 часот во охридскиот џез клуб Џезз Инн ќе се одржи концерт на Next to Silence, бенд кој започна со свирење реинтерпретирани мелодии од музичари кои издаваа за музичката куќа ECM и потоа продолжи со создавање и своја музиа.

Нивниот албум издаден за Скопскиот џез фестивал, отелотворува разни звучни стории и го раскажува она што најубаво се говори без зборови.

Иако името Next to Silence потекнува од реченица во џез магазин која ја објаснува музиката како „најубавиот звук покрај тишината“, сепак музиката на Next to Silence не е ниту најубав звук, ниту тишина. Тaа е нешто помеѓу. Музиката на овој бенд би можела да биде повикување на различни приказни или звучен пејзаж лишен од значење…искуство што може да ве доведе до тишина…

Next to Silence ce: Кирил Кузманов – саксософон Ади Имери – гитараФилип Димишковски – клавијатури Драган Стојковски – бас Гоце Наумов – барабани.

Најново

Последни колумни