„Невидливиот живот на Еуридиси Гузмау“ – значајно дело за женската еманципација во патријахалниот Бразил

Среде патријархалното бразилско општество од 1940-тите години, двете сестри тргнуваат по различни патишта. Гида бега од дома за да живее со лекар од угледно семејство кој на крајот ја напушта и ја остава сама да се грижи за нивното дете. Еуридиси, пак, се однесува како што се очекува од неа, станува добра сопруга, примерна домаќинка и мајка. Но, ниту една од нив не е задоволна со својот избор и поминува многу време додека не сфатат дека среќата по која копнеат е скриена на најнеочекуваните места.

Длабоко хуман и креативен роман за две жени, опкружени со разновидни незаборавни ликови во мала озборувачка средина. Гида и Еуридиси се жени кои им пркосат на општествените ограничувања и се борат за својата еманципација и реализација. Според книгата е снимен и истоимениот филм.

Книгата е објавена со поддршка од Специјалниот секретаријат за култура при Министерството за туризам на Бразил/Фондацијата Национална библиотека и Министерството за надворешни работи.

За авторката: Марта Батаља (1973) е бразилска писателка и новинарка. Студирала новинарство на Католичкиот универзитет во Рио де Жанеиро, а магистрирала бразилска литература на истиот универзитет. Работела за неколку дневни весници. Во 2013 основала издавачката куќа што подоцна ја продала. Нејзиниот прв роман „Невидливиот живот на Еуридиси Гузмау“ (2016) е преведен на повеќе јазици и по него е снимен истоимениот филм. Живее во Санта Моника, САД, со сопругот и децата.

За преведувачката: Виолета Јагев (родена 1953) е дипломиран инженер технолог и преведувач од шпански јазик. Живеела во Перу 17 години, каде што на шпански јазик завршила основно и средно образование и првите две години на факултетот за петрохемија. Дипломирала на Технолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со преведување се занимава од 1979 година и има над 40 книжевни преводи. Добитник е на наградата за превод „Ванѓа Чашуле“ во 2012 година и на наградата „Кирил Пејчиновиќ“ за преведувачкиот опус во 2017 година на Советот на Меѓународната средба на книжевните преведувачи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни