Прекините во сообраќајот и новите правила наметнати од временските услови му ја ускратија можноста на бродот Евер Макс, во сопственост на тајванската бродска компанија Евергрин Марин, да постави рекорд на 1 август за транспорт на најголем број контејнери преку Панамскиот канал што ги поврзува Тихиот и Атлантскиот океан. Бродот мораше да се ослободува од стотици контејнери поради историската суша која го зафати Панамскиот канал.
Управата на Панамскиот канал ги промени правилата и ја намали максималната тежина на бродовие кои може да поминуваат низ каналот, како и бројот на дневниж премини на бродови во обид да ја зачува водата.
Поморските експерти стравуваат дека ова би можело да стане ново нормално, бидејќи дефицитите на врнежите во петтата највлажна земја во светот укажуваат на климатските ризици кои влијаат на океанската бродска индустрија. Да потсетиме дека оваа индустрија води 80% од глобалната трговија.
Сопствениците на бродови имаат опции да превезуваат помалку товар, да се префрлат на алтернативни рути кои можат да „додадат“ илјадници километри на нивното патување или да да се борат со редиците за премин преку каналот. Овој месец имаше и до 160 бродови кои чекаа да поминат, а некои доцнеа дури и по 21 ден.
Ограничувањата веќе ја зголемуваат цената на превозот на релација Кина-САД. И тоа зголемување достигнува до 36 проценти, сето тоа поради високите температури на морето за кои климатолозите предупредуваат дека може да предизвикаат екстремни временски услови.
Администраторот на Панамскиот канал, Рикаурте Васкез, на прес-конференција одржана на 3 август објави дека поради недостиг на вода се планира дневниот транзит на бродовите да се намали од 36-38 на 30-32 бродови дневно оваа година.
Извор: N1