Невенчаните луѓе имаат поголем ризик од депресија

Луѓето кои не се во брак имаат околу 80% поголема веројатност да доживеат депресија отколку оние кои се во брак, покажува едно ново истражување.
Истражувањето покажа дека ризикот од депресија кај невенчаните луѓе може да биде поголем кај мажите и кај оние кои имаат високо образование.

Научниците веруваат дека ова истражување може да помогне со идентификување на луѓе со депресија. Истражувањето сугерира дека пониските стапки на депресија кај луѓе во брак може да бидат поради тоа што паровите се способни да се поддржуваат еден со друг и да имаат поголема финансиска стабилност.

Во истражувањето беа вклучени повеќе од 100.000 од седум држави.

Околу 222 луѓе од Анкетата за психијатриски морбидитет на возрасни (APMS) во Велика Британија, во која биле вклучени 7000 луѓе, изјавија дека имаат симптоми на депресија. Од нив, 73 биле во брак, 62 биле „слободни“, 55 биле разведени или разделени, а 32 биле вдовици.

Според анкетата, разведените, „слободните“ и вдовиците имаат 99% поголем ризик од депресија.Ова истражување, во кое беа вклучени и луѓе од САД, Мексико, Ирска, Јужна Кореја, Кина и Индонезија кое траеше 4 години, покажа дека неженетите луѓњ се поврзани со 79% поголем ризик од симптоми на депресија во споредба на оние кои се во брак.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни