Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху изјави дека Израел има три јасни цели во војната со Iran и дека конфликтот ќе трае „колку што е потребно“ за тие да се остварат.
На прес-конференција, Нетанјаху нагласи дека првата цел е целосно уништување на иранската нуклеарна програма, втората – елиминација на балистичките ракети, а третата – создавање услови иранскиот народ сам да ја одлучи својата иднина.
„Ќе го промениме Блискиот Исток, ви го ветувам тоа“, порача тој, додавајќи дека Иран е „послаб од кога било“, додека Израел е посилен.
Според него, по околу 20 дена од почетокот на конфликтот, иранските капацитети за збогатување ураниум и развој на ракети се сериозно ослабени. „Ги уништивме до таа мера што не можат да ги реализираат своите планови“, рече Нетанјаху.
Тој истакна дека Иран имал план да уништи илјадници објекти во Израел, но наместо тоа, разурнувањата се случуваат во Иран и Либан.
Нетанјаху исто така ја отфрли тезата дека Израел ја вовлекол Америка во конфликтот, нагласувајќи дека Домал Трамп носи одлуки независно.
„Дали некој навистина мисли дека може да му каже на претседателот Трамп што да прави?“, запраша тој, додавајќи дека САД дејствуваат во сопствен интерес.
Премиерот потврди дека Израел самостојно дејствувал при нападите врз иранските гасни постројки, но дека на барање на Вашингтон се воздржува од нови напади врз енергетската инфраструктура.
Во однос на Ормутскиот залив, Нетанјаху изјави дека САД работат на негово отворање со поддршка од Израел, предупредувајќи дека доколку Иран продолжи со развој на нуклеарно оружје, глобалните последици ќе бидат сериозни.
„Ако попуштите на уцената, ќе бидете уценети на начини што не можете ни да ги замислите“, заклучи тој.