Нетанјаху: Израелските сили остануваат во Газа сè до целосно разоружување на Хамас

Со останувањето на територијата, Израел „го држи Хамас на сите страни како подготовка за следните фази од планот“, рече Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху денеска се обрати до јавноста и најави дека израелските трупи ќе останат во Газа за да извршат притисок врз Хамас сè додека групата не се разоружа.

Израелската војска моментално се преместува на договорената првична линија на повлекување во Газа, како што е наведено во договорот за прекин на огнот.

Со останувањето на територијата, Израел „го држи Хамас на сите страни како подготовка за следните фази од планот“, рече Нетанјаху, осврнувајќи се на втората фаза од мировниот план на Доналд Трамп. Тој бара од Хамас да се разоружа и да се повлече од владата во Газа, која исто така ќе биде демилитаризирана.

„Ако се постигне на лесен начин – нека биде така; ако не – ќе се постигне на потешкиот начин “, рече израелскиот премиер.

Во меѓувреме, Хамас мора да ги врати сите преостанати израелски заложници во рок од 72 часа. Нетанјаху во своето обраќање рече дека сите заложници ќе бидат вратени во наредните денови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни