Нерешено против фаворитот Унгарија на отворањето на Светското ракометно првенство

Македонија и Унгарија одиграа нерешно, 27:27 во првото коло од Светското ракометно првенство што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.

Македонија беше подобар противник во текот на целиот натпревар и со предност влезе во последната минута од натпреварот, но не ги искористи можностите.

Унгарија, пред почетокот на првенството, важеше за фаворит во групата, во која исто така се наоѓаат и Холандија и Гвајана.

Со нерешениот резултат, Македонија си отвори можност во главната фаза од натпреварувањето да пренесе поени, откако претходно Холандија со 17 гола разлика ја победи Гвајана, која е аутсајдер во групата.

Најдобар играч на натпреварот беше прогласен Филип Кузмановски кој постигна 9 погодоци.

Следниот натпревар Македонија го игра против Холандија на 17 јануари, а последниот натпревар од прелиминарната фаза ќе биде против Гвајана на 19 јануари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни