Бременоста и постпoродилниот период носат многу убави но, и предизвикувачки моменти. Во овој период телото претрпува големи физички промени, па му треба дополнително внимание и грижа. Правилната хигиена игра важна улога за да се чувствувате удобно, но и да избегнете проблеми како што се иритација, инфекции и слични непријатности кои можат дополнително да го комплицираат овој период.
Да се грижите за себе не мора да биде комплицирано, бидејќи неколку едноставни навики можат да направат многу. Еве што можете да направите за да си олесните и да останете здрави:
1. Памучната долна облека е закон
Заборавете на синтетиката, особено во оваа состојба на вашето тело. Памучната долна облека и овозможува на кожата да дише и го намалува ризикот од осип и иритација. Дополнително, менувајте ја редовно, особено ако се потите повеќе од вообичаено.
2. Благите средства за хигиена се најдобриот избор
На вашата кожа сега и е потребна нежност, затоа избегнувајте силни сапуни и парфеми. Изберете производи кои се едноставни и природни. Внимавајте на тоалетната хартија која пред се треба да биде безбедна.
3. Бидете внимателни за време на вашиот циклус
Менувајте ги влошките на секои 3-4 часа и измијте се со млака вода. Ова помага да се одржи кожата чиста и без непријатни иритации.
4. После туширање – полека и нежно
Кога се туширате, не ја тријте кожата со крпа, туку нежно тапкајте ја додека не се исуши целосно. Мократа кожа лесно може да се иритира, а тоа сигурно не ви е потребно во моментов.
5. Не заборавајте на постелнината
За време на бременоста и по породувањето, телото лачи повеќе течност од вообичаено. Затоа е важно редовно да ја менувате постелнината за да избегнете иритација на кожата.
Овие едноставни чекори можат да ви помогнат да останете здрави. Во овој период, грижата за себе е и грижа за вашето бебе, затоа слушајте го вашето тело.