Непал ја укина забраната за социјални мрежи по смрта на 19 лица во протести

Владата на Непал ја повлече одлуката за блокада на социјалните мрежи, откако протестите против мерката прераснаа во жестоки судири меѓу демонстранти и полицијата, во кои загинаа најмалку 19 лица, јавува BBC.

Илјадници млади луѓе во понеделникот упаднаа во зградата на парламентот во Катманду, барајќи укинување на забраната за 26 платформи, меѓу кои Facebook и YouTube, како и поефикасна борба против корупцијата. Според податоците, во насилствата биле повредени повеќе од 100 лица.

Министерот за комуникации Притви Суба Гурунг изјави дека забраната е укината за да се излезе во пресрет на барањата на младите демонстранти, познати како „Генерација З“. Сепак, тој нагласи дека првичната мерка била воведена за да се спречат лажни вести, говор на омраза и интернет измами.

Во протестите беа истакнати транспаренти со пораки „Доста е“ и „Крај на корупцијата“, а дел од демонстрантите фрлаа камења кон куќата на премиерот КП Шарма Оли. Неговата влада се соочува со жестоки критики за прекумерната употреба на сила, а министерот за внатрешни работи Рамеш Лекхак поднесе оставка.

Протестите добија дополнителен замав со онлајн кампањата „Непо дете“, која укажува на раскошниот животен стил на децата на политичарите и го поврзува со коруптивни практики.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни