Претставници на протестното движење предложија Сушила Карки, првата и досега единствена жена врховна судијка во земјата (2016–2017), да ја предводи преодната влада. Дел од собраните пред штабот на армијата, сепак, се спротивставија на овој предлог.
Во Катманду во изминатите денови владееше хаос, а полицијата не успеа да ја контролира состојбата, поради што армијата беше мобилизирана – ретка појава за Непал. Според воените власти, уапсени се најмалку 27 лица осомничени за кражба.
Протестите се сметаат за израз на незадоволството кај младите, од кои петтина се невработени, додека децата на политичката елита живеат во луксуз, што дополнително го поттикна гневот кон власта.
Извор: AP news