Божиќна песна на Queen првпат објавена по 50 години

Легендарниот британски бенд Queen објави досега непозната божиќна песна со наслов Not For Sale (Polar Bear), снимена уште во 1974 година, за време на работата на нивниот втор студиски албум Queen II.
Screenshot

Песната, на која главен вокал пее покојниот Фреди Меркури, а гитара свири Брајан Меј, никогаш не влегла во финалната верзија на албумот и останала необјавена речиси пет децении.

Композицијата за првпат беше пуштена во етер оваа недела, во специјална празнична емисија на радио-станицата Planet Rock, каде што Брајан Меј објасни дека станува збор за рана, недовршена верзија на песна која има долга историја, но која досега никогаш не била слушната во оваа форма.

Тој посочи дека постоеле и неофицијални снимки од истата песна во изведба на неговиот претходен бенд Smile, но дека оваа верзија е сосема поинаква и за првпат се споделува со јавноста. Песната ќе биде вклучена во обновеното издание на албумот Queen II, кое е најавено за 2026 година.

Инаку, претходно годинава, британската организација за музички права Phonographic Performance Limited соопшти дека Queen е најемитуваниот рок-бенд на радио и телевизија во Обединетото Кралство во 21 век.

Извор: Euronews

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни