Одбележан Денот на ментално здравје

„Немој да прегориш“

Здрави луѓе значи здраво општество. И обратно, болни луѓе – болно општество

Универзитетската клиника за психијатрија на плоштадот „Македонија“ во Скопје го одбележа Светскиот ден на менталното здравје. Настанот има за цел подигнување на свеста за важноста на менталното здравје.

Во земјава има пораст на лицата со нарушено ментално здравје.

Директорката на Клиниката за психијатрија, Славица Арсова, изјави за дека за менталното здравје треба да се зборува отворено, а не зад затворени врати. Затоа и денешниот настан се одржува на плоштадот.

“Менталното здравје не е луксуз, туку потреба и право на секоја индивидуа. Колку телесно, човек треба да биде и ментално здрав”, вели Арсова.

Ментално здравје не е само отсуство од некаква болест, туку и чувствство на радост и среќа.

Оваа година, темата е врзана за менталното здравје и работното место, каде во текот на работната недела, луѓето најмногу го поминуваат нивното време.

– Постои синдром на прегорување, токму тоа и го велиме денес – „да не дозволиме да прегориме“, вели Арсова.

Здрави луѓе значи здраво општество. И обратно, болни луѓе – болно општество.

На настанот присуствуваше и министерот за здравство Арбен Таравари, кој најави повеќе активности во програмата на Министерството за идната година, што ќе биле координирани со Клиниката за психијатрија.

– Порано менталното здравје беше некако табу за граѓаните. Меѓутоа, денеска е секојдневие и се соочуваме и навистина, целта е, не само индивидуално, туку и колективно освестување на луѓето за ваквите проблеми што се почести и повеќе луѓето ги пријавуваат кај институциите што се компетентни за тоа, изјави министерот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни