Неконтактирано племе е забележано во перуанскиот Амазон каде што се активни дрвосечачи

Фото: Survival International

Ретки слики од Машко Пиро, домородното племе кое не е контактирано во перуанскиот дел од Амазон беа објавени од „Срвајвал Интернешнл“ прикажувајќи десетици луѓе на брегот на реката, блиску до местото каде што има концесии за сечење на дрвја.

Членови на племето се забележани како излегуваат од шумата се почесто изминатите недели барајќи храна, но и бегајќи од луѓето кои се таму за сечење на шумата.

Членови на Машко Пиро биле фотографирани на крајот на јуни покрај брег на река во југоисточно Перу, блиску до границата со Бразил.

„Оовие фотографии покажуваат голем број на изолирани членови на Машко Пиро кои живеат само неколку километри од местото каде што сечачите на шума започнуваат со своите операции“ рече директорката на „Срвајвал Интернешнл“, Керолајна Пирс.

Фото: Survival International

Повеќе од 50 луѓе од Машко Пиро се појавија изминатите денови во близина на селото на племето Јине наречено Монте Салвадо. Друга група од 17 се појави во блиското село Пуерто Нуево, велат од невладината организација, која ги брани правата на домородните племиња.

Машко Пиро, кои живеат во област сместена помеѓу два природни резервати во Мадре де Диос, ретко се појавуваат и не комуницираат многу со Јине или со други луѓе.

Неколку компании за сеча на дрва имаат концесии за сеча на дрво на територијата населена со Машко Пиро.

Перуанската влада на 28 јуни објави дека локалните жители пријавиле дека ги виделе Машко Пиро на реката Лас Пиедрас, 150 километри од градот Пуерто Малдонадо, главниот град на Мадре де Диос.

Машко Пиро се забележани и преку границата во Бразил, рече Роза Падила, во Домородниот мисионерски совет на бразилските католички бискупи во државата Акре.

„Тие бегаат од дрвосечачите на перуанската страна“, рече таа. „Во овој период од годината тие се појавуваат на плажите за да земат јајца од тракаја (желка на Амазон). Тогаш ги наоѓаме нивните отпечатоци на песокот.

Извор: Ројтерс

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни