Неколку европски земји најавуваат дека нема да настапат на Евровизија ако настапува Израел

На таквите најави на Ирска се приклучи и Холандија соопшти во петокот холандскиот јавен радиодифузер AvroTros
Фото: Channel Keshet 12 / Handou

Ирската радиодифузна мрежа РТЕ објави дека Ирска нема да настапи на Евровизија во 2026 ако учествува Израел. Оттаму кажаа дека учеството на Ирска „би било несовесно со оглед на ужасната загуба на животи во Газа“.

На таквите најави на Ирска се приклучи и Холандија соопшти во петокот холандскиот јавен радиодифузер AvroTros.

Ирска победи на натпреварот седум пати, последно во 1996. РТЕ ќе донесе конечна одлука откако организаторите на Евровизија, Европската радиодифузна унија (EБУ), ќе ја донесе својата одлука. Евровизија ќе се одржи во мај во Виена.

Повлекување од Евровизија ако настапува Изреал, најавија и Словенија и Шпанија, додека од исландскиот национален радиодифузер изјавија дека нивното учество на Евровизија зависи од исходот на тековните консултации во ЕБУ во однос на Израел.

Радиодифузерите имаат рок до средината на декември да потврдат дали сакаат да учествуваат на настанот во Виена. Повеќе од 70 поранешни учесници на Евровизија потпишаа писмо со кое ги повикуваат организаторите да му забранат на Израел да учествува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни