И тие кои не се заразиле, добиле штетни последици во пандемијата на Ковид-19

Научниците велат дека стресот на кој биле изложени луѓето – од долготрајна изолација до неизвесноста што ја следеше кризата – можеби го забрзал стареењето на нивниот мозок. Утврдено е дека стареењето на мозокот за време на пандемијата било „поизразено“ кај мажите, постарите лица и луѓето од посиромашни општествени слоеви.

Пандемијата била „штетна“ за здравјето на мозокот, дури и кај луѓе кои никогаш не биле заразени, покажува ново истражување.

Научниците велат дека стресот на кој биле изложени луѓето – од долготрајна изолација до неизвесноста што ја следеше кризата – можеби го забрзал стареењето на нивниот мозок. Утврдено е дека стареењето на мозокот за време на пандемијата било „поизразено“ кај мажите, постарите лица и луѓето од посиромашни општествени слоеви.

Моделите за стареење на мозокот се развиени врз основа на повеќе од 15.000 здрави испитаници. Потоа биле применети на речиси илјада луѓе кои учествувале во долгорочното британско истражување наречено Biobank, кое го следи здравјето на возрасни лица во средна и подоцнежна возраст.

Половина од учесниците имале снимање на мозокот пред пандемијата, а другите – и пред и по глобалната здравствена криза. Со проучување на снимките, научниците заклучиле дека пандемијата „значително“ го забрзала стареењето на мозокот. До тој заклучок дошле споредувајќи ја староста на мозокот на снимките со вистинската возраст на испитаниците.

Утврдено е дека мозоците на луѓето по пандемијата, во просек, изгледале „за 5,5 месеци постари“ од нивната реална возраст. „Утврдивме дека пандемијата на ковид беше штетна за здравјето на мозокот и предизвика забрзано стареење на мозокот (…) независно од заразата со вирусот SARS-CoV-2“, објавија експертите од Универзитетот во Нотингем во списанието Nature Communications.

Доктор Али-Реза Мохамади-Неџад, кој го водел истражувањето, изјавил:
„Најмногу ме изненади тоа што дури и луѓе кои не биле заразени покажуваа значително повисоки стапки на стареење на мозокот. Тоа навистина покажува колку самото искуство на пандемијата – од изолација до неизвесност – можело да влијае врз здравјето на нашиот мозок.“

Научниците исто така истражувале дали прележаниот Ковид-19 имал влијание врз когнитивните способности на испитаниците преку резултати од тестови направени во време на снимањето на мозокот. Откриле дека оние кои биле заразени имале полоши резултати на когнитивните тестови по пандемијата.

Професорката по радиологија Дороте Ауе, соавтор на истражувањето, изјавила:„Ова истражување нè потсетува дека здравјето на мозокот не го обликуваат само болестите, туку и нашето секојдневно опкружување. Пандемијата создаде голем притисок врз луѓето, особено врз оние кои веќе имаа одредени проблеми. Не можеме сè уште да кажеме дали промените што ги забележавме ќе исчезнат, но тоа е можно – и тоа е охрабрувачки.“

Извор: N1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни