Квалитетниот сон е еден од основните предуслови за добро здравје, но сè повеќе луѓе не успеваат да си обезбедат доволен одмор во текот на ноќта. Чувството на постојан замор, раздразливост и проблеми со концентрацијата често се поврзани токму со недостигот од сон.
Иако повремената непроспиена ноќ не мора да биде сериозен проблем, хроничниот недостаток на сон може да има долгорочни последици врз телото и психата. Според експертите за спиење, редовното спиење помалку од шест часа ја нарушува природната рамнотежа на организмот и го ослабува неговиот одбранбен систем.
Недоволниот сон го намалува имунитетот и ја отежнува способноста на телото да се бори против инфекции. За време на спиењето, организмот создава супстанции кои помагаат во заштита од болести, па кога сонот е краток или неквалитетен, оваа природна одбрана станува послаба.
Покрај физичките последици, недостатокот на сон е тесно поврзан и со психичкото здравје. Тој може да ја зголеми анксиозноста и да создаде круг во кој лошиот сон ја засилува нервозата, а нервозата дополнително го нарушува спиењето. Со текот на времето, ова влијае врз емоционалната стабилност и способноста за уживање во секојдневните активности.
Кај жените, хроничниот недостиг на сон може да предизвика хормонски нарушувања и проблеми со менструалниот циклус. Промените во хормоналната рамнотежа можат да имаат сериозни последици за репродуктивното здравје, што дополнително ја нагласува важноста на редовниот и квалитетен сон.
Недоволното спиење е поврзано и со зголемување на телесната тежина, намалена концентрација и пад на продуктивноста. Затоа, експертите советуваат сонот да не се занемарува и да биде една од главните приоритети за зачувување на физичкото и менталното здравје.