Search

„Недела на дизајн во Скопје“ – фестивал кој се враќа за да остане

Поттик да се создаваат иновативни продукт решенија кои ќе бидат наши, функционални, еколошки и пазарно издржани

„Недела на дизајн во Скопје” – фестивал кој со години го третира индустрискиот дизајн и дизајнот на производ, ќе се одвива од 6. до 10. ноември во Јавна соба, Мала Станица и Литература – Дајмонд мол, но претходно следат и низа активности, работилници и предавања. 

Оваа година темата на “Неделата на дизајн во Скопје” е „Чиста мобилност”, а се најавува изложбен дел за компании, викенд „pop up market”, панел дискусии, работилници, стручни дизајн предавања, работилници за деца, како и програма во живо каде акцентот е секако на музиката. Амбициозната цел на овој фестивал е да се подигне свеста за функционалноста на дизајнот и создавањето иновативни продукт решенија, но овој пат со предзнакот еко и циркуларна економија. Покрај стандардните повици за изложбен дел и „pop up market”, ќе има и трет повик овој пат целосно насочен кон велосипедизмот во Скопје и сите аспекти на решенија за безбедноста на велосипедистите во сообраќајот.

Оваа година „Skopje Design Week” е дел од европската мрежа на манифестации „Next gen Deisgn” за дизајн во друштво на „Миксер” од Белград, „What Design Can Do” од Амстердам, „Barcelona Design Week” и „Designaustria”. Сите платформи во фокус ја ставаат Зелената агенда и еко дизајнот на идните млади дизајнери под европскиот проект „Next Gen Design”.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Европската комисија.

Најново

Последни колумни