Вера Мештеровиќ: Недела ми е ден за прошетка и за гости

Вера Мештеровиќ е прва Мис на Македонија, како самостојна држава за изборот на Мис на свет. Мештеровиќ е дипломиран менаџер по царина и шпедиција, а периодов работи како водителка на утринската програма на националната телевизија Канал 5 „Здраво Македонијо“. Вели дека нејзиното првото појавување на малите екрани се случило во рано детство кога имала седум или осум години. Од тогаш па сè до денес кармата ја носи кон сцената. За водителството пак вели дека е професија што ја сака поради динамиката, сеопфатноста и различноста на секој еден ден.

Недела наутро:
Неделното утро ми започнува со децата, овошен сок, утринско кафе, а потоа подготовка на појадок кој ќе го сакаат децата. Исто така, може и да не сум дома ако имам работни ангажмани, а приватно забавите се во кругот на мои блиски луѓе. Не пијам алкохол, а кога пијам тоа се сведува на една чаша, ретко две. Најповеќе вода пијам, така да неделен мамурлак не може да имам.

Неделен ручек:
За неделниот ручек, бидејќи преку неделата брзо е темпото со работа, обврските го подредуван кон желбите на децата. Најчесто готвиме дома, но одиме и на неделен ручек во ресторан особено кога сакаат морска храна. Домашните јадењата кои ги сакаат децата се готвени јадења, телешка и пилешка супа, тава со ориз, мусака, спанаќ, ќофтиња, шницли, компир, ориз, нудли, свежи салати, сезонско овошје. Од благо сакаат сутлијаш, гриз, мафини, сладолед.

Готвев секој ден во периодот додека бев дома, ги раснев децата и не работев, сега тоа е за време на викенд. Ручаме заедно со моите родители и мојот брат. Живееме во семејна куќа, секој засебно, но тука сме на едно место. Исто така, моето детство го поминав со баба и дедо, а сега и моите деца ја имаат можност. Тоа навистина ми е драго што е така. Тие врски се посебни. Се вели дека внуците повеќе се сакаат од своите деца и има вистина во тоа, слаба точка се.

Недела попладне:
Неделно попладне е време за прошетка во природа или возење велосипед. Исто така недела попладне е резервирано за гости, дали да ни дојдат или да појдеме не е важно.

Неделно опуштање:
Неделно опуштање со музика, некоја топла бања…

Недела навечер:
Недела навечер е време за подготовки за понеделник, но и резервирана за филм. Изборот го прави секој од нас. Еднаш јас, па синот Андреј, па ќерката Јована.

Недела во детството:
Рутините што сум ги имала во детството ги имам и денес, уживам во нив. Ништо не сум сменила, напротив еве им ги пренесувам и на децата.

Дали ти е сеедно што утре е понеделник?
Па, не се работи дали е сеедно или не е сеедно. Едноставно по недела доаѓа понеделник и започнува работната недела, тоа е тоа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни