Чоколадото често се поврзува со задоволство, но научните истражувања покажуваат дека неговата основна состојка а тоа е какаото, може да има и сериозни здравствени придобивки. Сепак, експертите предупредуваат дека не секое чоколадо е еднакво корисно.
Клучот е во какаото, не во чоколадото
Главните бенефити доаѓаат од природните соединенија во какаото, особено флаваноли – моќни антиоксиданси кои го намалуваат воспалението, придонесуваат за подобро кардиоваскуларно здравје и имаат потенцијално антиканцерогено дејство.
Дополнително, соединението теобромин влијае на мозокот, подобрувајќи ја когнитивната функција и потенцијално штитејќи од невродегенеративни болести како Алцхајмерова болест и Паркинсонова болест.
Позитивно влијание врз срцето
Големи студии, вклучително и истражувања објавени во European Journal of Preventive Cardiology, покажуваат дека храната богата со флаваноли може да го намали крвниот притисок, да го подобри здравјето на срцетои да го намали ризикот од смрт поврзана со срцеви заболувања.
Во едно од најголемите истражувања COSMOS учесниците кои земале суплементи со какао имале дури 27% помал ризик од смрт од срцеви причини.
Може ли чоколадото да го забави стареењето?
Истражување на King’s College London покажува дека повисокото ниво на теобромин во крвта е поврзано со побавно биолошко стареење. Сепак, експертите предупредуваат: чоколадото, дури и темното, не треба да се смета за „здрава храна“, туку за повремено уживање
Не сите видови чоколадо имаат ист ефект. Темнотео чоколадо е најбогато со флаваноли, со помалку шеќер, млечнотп чоколадо содржи повеќе шеќер и масти, со помалку корисни соединенија, а бело чоколадо практично нема какао цврста маса, туку само какао путер, па има најмалку нутритивни придобивки
Главниот проблем: индустриска обработка
Комерцијалните производи често содржат додаден шеќер, млеко и дополнителни масти
Овие состојки можат да ги намалат или дури да ги поништат потенцијалните здравствени ефекти на какаото.
Иако какаото има научно потврдени здравствени придобивки, чоколадото какво што најчесто се консумира не е исто со чистото какао. За да се извлече вистинска корист, клучни се умереноста и изборот – темното чоколадо со висок процент на какао останува најдобрата опција, но и тогаш, во мали количини.