„Не се исполнети барањата“ – објавија студентите на ФДУ: Oбраќањето на Вучиќ е напад на студентите!

Тие најавија продолжување на блокадата поради неисполнетите барања

Студентите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград доцна вчера вечер соопштија дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, не ги исполнил нивните барања и најавија продолжување на блокадата.

Студентите ФДУ излегоа со соопштение дека „не се исполнети барањата “ и дека обраќањето на претседателот Александат Вучиќ е „напад на сите кои изминатите неколку дена изразуваа незадоволство.“
Студентите се дистанцираат од политичките партии и симболи, нагласувајќи дека нивната единствена цел е исполнување на барањата.

Тие најавија продолжување на блокадата поради неисполнетите барања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни