Студентите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград доцна вчера вечер соопштија дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, не ги исполнил нивните барања и најавија продолжување на блокадата.
Студентите ФДУ излегоа со соопштение дека „не се исполнети барањата “ и дека обраќањето на претседателот Александат Вучиќ е „напад на сите кои изминатите неколку дена изразуваа незадоволство.“
Студентите се дистанцираат од политичките партии и симболи, нагласувајќи дека нивната единствена цел е исполнување на барањата.
Тие најавија продолжување на блокадата поради неисполнетите барања.