„Не го даваме ректорот“: Голем број луѓе пред зградата на УКП на собир за поддршка на ректорот на Белградскиот универзитет Владан Ѓокиќ

Собраните му даваат поддршка со тоа што прават бучава, а како што одминува собирот, сè повеќе луѓе пристигнуваат.


Пред зградата на Управата за криминалистичка полиција во Белград се собра голем број граѓани кои скандираат „не го даваме ректорот“.

Тие се собраа како поддршка за ректорот на Белградскиот универзитет, проф. д-р Владан Ѓокиќ, кој е повикан таму на сослушување во предистражна постапка поради кривично дело – злоупотреба на службената положба.

Како што известувaaт новинарите, присутен е и голем број колеги на ректорот.

Собраните му даваат поддршка со тоа што прават бучава, а како што одминува собирот, сè повеќе луѓе пристигнуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни