НБА во разговори со европски фудбалски клубови за креирање на нова кошаркарска лига во Европа

НБА е во разговори со некои од врвните европски фудбалски клубови за поддршка на тимови во новата кошаркарска лига на континентот, во она што може да биде значаен меѓународен напор за проширување на спортската лига на САД.
Фото: J.smith, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

„На состанокот на Бордот на гувернери на НБА оваа недела, лигата ќе поднесе извештај за истражувањето на новата машка кошаркарска лига во Европа, во партнерство со ФИБА“, рече портпаролот на НБА.

НБА одржа разговори во рана фаза со сопствениците на Пари Сен Жермен (ПСЖ) и Манчестер Сити, меѓу другите, заедно со можни поддржувачи на тим од Лондон, во врска со потенцијалните инвестиции и местата за новата лига, според Bloomberg News, кој претходно го објави развојот на настаните.


Портпаролот на Катар Спортс Инвестментс, кој е сопственик на ПСЖ, рече дека е „пристапено во врска со кошаркарската франшиза во Париз за која ние изразивме интерес“.

Сопствениците на НБА ги разгледуваат плановите оваа недела, според кои би можеле да бидат лансирани околу осум франшизи низ Европа, објави Блумберг. Новите франшизи би можеле да се продадат за почетна цена од околу 500 милиони долари секоја.

Група инвеститори бараше да се создаде кошаркарска лига која ќе се протега во Азија и Европа за да биде ривал на НБА во иднина, со богат фонд од Саудиска Арабија како стратешки партнер и швајцарската банка УБС како советник, објави Фајненшл тајмс во февруари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни