Најголеми манипулатори се родени во овие четири хороскопски знаци

Постојат луѓе кои имаат природна способност да влијаат на другите и да ги наведат да прават она што тие сакаат. Иако оваа способност не секогаш е злонамерна, кај некои луѓе може да биде многу опасна.

Според астролозите, во одредени хороскопски знаци често се раѓаат личности кои користат снаодливост, шарм или емоционален притисок за да го постигнат она што го сакаат.

Близнаци – Познати по прилагодливост и комуникациски вештини, Близнаците можат да покажуваат различни страни од личноста и така да ја збунат околината. Тие умеат да ја менуваат аргументацијата и мислењето, што другите често не можат да ги декодираат нивните вистински намери.

Шкорпија – Мајстори на стратегијата, Шкорпиите планираат неколку чекори однапред и лесно препознаваат слабости кај другите. Тие ретко ги откриваат своите вистински намери и можат да ги искористат туѓите емоции за свои цели.

Риби – Иако често се перципираат како чувствителни и благи, Рибите ја користат својата емпатија како инструмент за манипулација. Тие умеат да предизвикаат чувство на вина кај другите и да ги насочат кон исполнување на нивните желби.

Јарец – Практични и амбициозни, Јарците знаат како стратешки да ги искористат информациите и околностите. Тие делуваат убедливо и авторитетно, а кога сакаат нешто да постигнат, умеат да ги насочат другите така што тоа ќе им одговара.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни