Најевтините земји за туризам во 2025: Уживање со 12 евра дневно

Една нова студија на HelloSafe го испита просечниот дневен буџет за едно лице во 136 земји и направи листа со најевините земји за шетање.
Фото: Laos Travel

Одењето на дестинација која е позната по својата достапност кога се во прашање цените може да го отстрани целиот стрес од патувањето. HelloSafe направи студија за да утврди во која земја во светот ни треба најнизок просечен дневен буџет и на тој начин состави листа на 15 најевтини земји за патување.

На врвот на листата е Лаос, прекрасна земја во Југоисточна Азија. Еден патник во просек дневно во Лаос би трошел околу 12 евра.

На второ место е Казахстан, каде просечната потрошувачка дневно е 16,82 евра, а на трето Руанда, каде просечната потрошувачка е 19,22 евра. Никаде на листата просечната потрошувачка не е поголема од 35,85 евра дневно, а земјите главно се наоѓаат во Африка и Азија.

На листата од регионот се најде Србија, на 15. место, каде што според HelloSafe на еден турст дневно му се потребни во просек 33,46 евра.

Во продолжение погледнете ја листата на најевтини земји за посета во 2025 година:

  • Лаос
  • Казахстан
  • Руанда
  • Гана
  • Монголија
  • Ерменија
  • Буркина Фасо
  • Грузија
  • Мали
  • Мјанмар
  • Хаити
  • Малави
  • Индија
  • Непал
  • Србија

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни