Најчестите фобии од храна, но и за стравот од пиење алкохол

Повеќето луѓе страдаат од некаква фобија, како страв од пајаци, змии, затворени простори или едноставно лифтови. Колку и да звучи неверојатно постојат и луѓе кои  се плашат од храна.

Фобиите предизвикани од готвење, вкус или храна едноставно ги парализираат некои луѓе и ги спречуваат да живеат нормален живот.

За потсетување зборот фобија (грчки: phobos – страв, бегство) претставува изразен постојан страв, најчесто претеран или неоправдан, а се јавува во врска со одреден предмет или ситуација.

Геумофобија – страв од вкус

Вкусот е доста субјективна работа, па она што е слатко за еден човек може да биде одбивно за друг. Геумофобијата може да се манифестира како страв од непријатни вкусови, но и како страв од секаков вкус кој може значително да влијае врз изборот на храната. Сепак, повеќето луѓе се плашат само од одреден тип на вкус, па едноставно се држат до своето монотоно мени.

Арахибутирофобија – страв од лепење на путер од кикирики за непцето

Да бидеме појасни, оваа фобија не е страв од самиот путер. Оние кои страдаат од од оваа фобија, всушност ја сакаат таа храна, но се плашат од чувството дека нешто ќе им се залепи за непцето. Тие најчесто конзумираат путер од кикирики во мали залаци.

Магеирофобија – страв од готвење

Постојат многу начини на кои поединецот може да се плаши од готвење – од страв од лошо подготвен рецепт до страв од труење на гостите. Вообичаено, оваа фобија е мотивирана од стравот од срам и толку многу ги ограничува луѓето што целосно избегнуваат да готват и секогаш јадат надвор, што може да биде многу лошо за нивното здравје, но и за нивниот паричник.

Фагофобија – страв од голтање

За среќа, фагофобијата е исклучително ретка фобија. Може да има многу сериозни здравствени последици, бидејќи оние кои страдаат од неа избегнуваат храна и вода, а стравот им го стеснува грлото, па се чувствуваат како да се дават кога голтаат. Најлошите случаи се евидентирани пациенти како лица со тешка неухранетост и често завршуваат во болница на инфузија.

Алиумфобија – страв од јадење лук

Стравот од јадење лук е предизвикан од неговиот мирис, но и изглед на лук. Луѓето со оваа фобија не можат да престанат да размислуваат за тоа, па може да станат крајно нервозни и да чувствуваат постојана непријатност.

Лаханофобија – страв од зеленчук

Лаханофобијата е ирационален страв од секаков вид зеленчук, додека има луѓе кои се чувствителни само на одредени видови зеленчук. Оние кои страдаат од лаханофобија чувствуваат вознемиреност дури и кога само гледаат зеленчук.

Дипсофобија – страв од пиење алкохол

Луѓето кои страдаат од дипсофобија всушност се плашат да пијат алкохол. Покрај стравот од негативното влијание на алкохолот врз нив, фобијата може да ја поттикнат и доколку само гледаат како некој друг пие алкохол.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни