За многумина, кафето е неопходен дел од утринскиот ритуал и мала навика што го означува почетокот на денот. Но, прашањето колку кафе е безбедно да се пие дневно продолжува да се дебатира.
Научните истражувања покажуваат дека кафето, кога се консумира умерено, може да има позитивен ефект врз здравјето. Голема студија спроведена на Харвард, која следела речиси 50.000 жени во период од 30 години, покажала дека редовната консумација од една до три шолји кафе дневно може да придонесе за поздраво стареење. Исто така, е поврзана со помал ризик од срцеви заболувања и помала стапка на смртност.
Сепак, други студии предупредуваат на можни ризици. Некои студии сугерираат дека пиењето големи количини кафе може да го зголеми ризикот од деменција. Студија објавена во 2022 година во списанието „Американска асоцијација за срце“ покажа дека луѓето со висок крвен притисок кои пијат многу кафе имаат поголема смртност од кардиоваскуларни заболувања
Каде е границата?
Експертите генерално се согласуваат за едно, умереноста е најважна. Американската администрација за храна и лекови (FDA) препорачува дневниот внес на кофеин да не надминува 400 милиграми. Ова важи не само за кафето, туку и за кофеинот од чаеви, енергетски пијалоци и газирани пијалоци, дури и од чоколадо.
Застапникот за холистичко здравје Дипак Чопра откри дека пие две до три шолји кафе дневно наутро, количина што се смета за безбедна. Нутриционистката Роксана Ехсани потврдува дека ова е во рамките на препорачаните граници, сè додека не се надмине вкупната дневна количина на кофеин.

Важно е да се знае дека не сите реагираат исто на кофеинот. Кај некои, дури и една шолја може да предизвика нервоза, забрзан пулс или исцрпеност.
„Ако чувствувате дека срцето ви чука забрзано, сте напнати или не можете да спиете, време е да размислите за намалување на внесот“, советува диететичарката Џесика Силвестер.
На бремените жени им се препорачува да го ограничат кофеинот на максимум 200 милиграми дневно. Лицата со дијабетес и срцеви заболувања треба да бидат внимателни не само за количината на кофеин, туку и за шеќерот и млекото што ги додаваат во кафето. За тинејџерите, експертите препорачуваат целосно избегнување на кофеинот.
Нутриционистите советуваат да не пијат кафе на празен стомак и да не го прескокнуваат појадокот во корист на него. Пред првото утринско кафе, добро е да испиете чаша вода или да јадете нешто лесно. Ако забележите дека попладневното кафе ви го нарушува сонот, консумирајте го само наутро.