Научниците по 67 години ја потврдија старата теорија за дејството на витаминот Б1 – еве како делува врз човечкото тело

Никогаш не ја потценувајте моќта на науката – дури и кога ѝ требаат децении за да ја потврди вистината. Теоријата на хемичарот Роналд Бреслоу од Универзитетот Колумбија, изнесена уште во 1958 година, дури сега е потврдена од страна на научниците, иако долго време беше исмејувана и одбиена од научната заедница.

Бреслоу тврдел дека витаминот Б1 (тиамин) делува во телото преку молекуларна структура позната како карбен – форма на јаглероден атом со само шест валентни електрони. Сепак, бидејќи карбените се екстремно нестабилни во вода – а човечкото тело е составено најмногу од вода – идејата била отфрлена како неизводлива.

Но, научниците од Универзитетот во Калифорнија, Риверсајд (UC Riverside), под водство на хемичарот Винсент Лавал, успеале да направат стабилен карбен во водена средина и тоа да трае со месеци. Овој неверојатен успех е овозможен со помош на заштитна молекуларна структура, а нивното истражување е објавено во престижното научно списание Science Advances.

Со други зборови – „Бреслоу бил во право“, велат научниците денес.

Ова откритие не само што ја рехабилитира една одамна заборавена научна идеја, туку отвора и нови можности за разбирање на метаболизмот и дејството на витаминот Б1 во човечкиот организам.

Науката можеби понекогаш доцни – но секогаш стигнува каде што треба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни