Напротив, како што велат од таму, повеќе патишта значат само повеќе сообраќај – феномен кој во урбанистичката теорија е познат како „предизвикана побарувачка“.
НаТочак укажува дека бројни студии покажале оти секое зголемување на капацитетот на улиците доведува до пропорционално зголемување на обемот на сообраќај, со што се губат и минималните почетни придобивки. Велат дека решението не се улици што водат кон центарот, туку развој на алтернативна, одржлива инфраструктура.
Според нив, вистинската насока е инвестиција во јавен превоз со специјализирани ленти, како и подобрување на пешачката и велосипедската мрежа. Јавниот превоз, потенцираат, има капацитет да пренесе многу повеќе луѓе со далеку помал простор и ресурси од автомобилскиот сообраќај, при што значајно се намалува загадувањето и се подобрува квалитетот на животот.
Покрај ефикасноста, од иницијативата нагласуваат и други придобивки – како еколошкиот ефект од намалената употреба на автомобили, социјалната инклузивност преку подобра достапност за сите граѓани, и генерално, создавање правичен и функционален градски простор.
На крај, НаТочак ги повикува кандидатите да размислат за долгорочни, системски решенија што не ја репродуцираат истата грешка од минатото, туку создаваат градови кои се подеднакво достапни и одржливи за сите.