Натали Портман: Тоа што Ријана ми рече дека сум згодна кучка ми помогна да го преболам разводот

Средбата на Натали Портман и Ријана во јануари за време на модната недела во Париз била пресвртница за актерката, бидејќи советите од пејачката ѝ помогнале во тешките моменти од нејзиниот живот.

При нејзиното гостување во „The Tonight Show“ со Џими Фалон, Портман зборувала за средбата со Ријана, кога таа ја нарекла „една од најжешките кучки во Холивуд“.

„Тоа беше одлично искуство за мене. Мислам дека на секоја жена која поминува низ развод, Ријана треба да им каже дека се лоша кучка“ рече Портман која се разведе во јули 2023 година по 11 години брак.

На ваквата изјава на Портман следуваше апалуз од водителот Фалон, а актерката го опиша настанот како клучен момент во нејзинит живот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни